Полицијата упадна во угостителски објект во Тетово: Затекнати 19 гости и 13 танчерки
Тетовската полиција ноќеска од 22.15 часот до 23.45 часот во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во локал во Желино при што се приведени 14 лица поради работа спротивно на прописи во време на епидемија.
–Во објектот биле затекнати 19 лица – гости и 13 женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки. Сопственикот З.С.(49) од с.Желино и 13-те женски лица биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. Претходната вечер слична акција со приведени 12 лица имаше во Тетово.
Ново на Сител
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот