Полицијата уапси дилери на дрога
На 01.10.2020 околу 14.45 часот во тетовско Желино, полициски службеници на СВР Tетово го лишиле од слобода Д.Ќ.(52) од с.Мала Речица, тетовско, затоа што при негов и преглед на патничкото возило „фолксвгаген венто“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал, бил пронајден хероин. Д.Ќ. бил задржан во Полициската станица Тетово и со соодветен поднесок е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор.
На 01.10.2020 околу 20.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода К.П.(48) од Гостивар, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајден хероин и марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и се преземаат мерки за комплетно документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска