Македонија
21. July 2020 - 15:50

Полицијата спречи производство на наркотични дроги

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Е.О.(22) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 07.07.2020 полициски службеници, при извршен претрес во домот на Е.Д., во кој престојувал неговиот син E.O., пронашле и одзеле чанта во која имало марихуана, семки кои потекнуваат од растението Cannabis, една дробилка и други предмети со остатоци од марихуана.
 
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Г.(33) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 08.07.2020 на ул.„Моша Пијаде“ во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле дигитална вага, марихуана и мешавина од тутун и марихуана.