Полицијата се сомнева дека нападот на Универзитетот Охајо бил терористички
Во полициската истрага околу нападот, што се случи вчера на Универзитетот во Охајо, се приклучи и ФБИ и другите раузнавачки агенции, поради сомнеж дека станува збор за терористички напад.
Момчето осомничено дека повредило девет лица вчера изутрината во Универзитетот Охајо, за кого е наведено дека е бегалец од Сомалија, кој легално живеел во САД, со автомобил влетал меѓу пешаците, а потоа излегол и почнал со нож да боде луѓе, пред да биде убиен со огнено оружје.
Властите претходно соопштија дека најмалку девет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба.
Првичните извештаи беа конфузни, а почнаа најпрво со серија предупредувања преку Твитер, кога студентите почнле да испраќаат предупредувачки пораки.
Потоа стигнал голем број полициски возила и возила на брзата помош, а патиштата околу Универзитетот биле блокирани.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата