Полицијата разби шверцерска нарко група која од Албанија во Македонија успеала да внесе 40 тони марихуана

Полицијата разби шверцерска нарко група која од Албанија во Македонија успеала да внесе 40 тони марихуана. Како што стои во соопштението на МВР групата составена од двајца македонски и двајца албански државјани во февруари годинава преку водите на Охридското Езеро со моторен чамец прошверцувала огромна количина Марихуана во Македонија. Имено, осомничените марихуаната ја купиле од селото Поградец а еден од албанските државјани бил задолжен со чамец да ја префрли во Македонија во струшкото село Калишта. Таму осомничените ја препакувале марихуаната со намера да ја продаваат.
Поднесени се кривични пријави против 4 лица на возраст од 34 до 48 години, а во средата уапсени се и двајцата осомничени македонски државјани кои ќе одговараат за недозволено производство и трговија со дрога.
Од МВР велат дека акцијата е реализирана во соработка со полициите на Албанија и Грција.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
