Полицијата пронајде мини ЗОО-градина со диви животни во угостителски објект во Чегране
На 20.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, инспектори од Државен инспекторат за животна средина и преставник од ЗОО Скопје, по претходно добиена наредба од Јавен обвинител, извршена е контрола во угостителски објект во с.Чегране.
При извршената контрола пронајдена е мини зоолошка градина, која е во состав на објектот, при што било констатирано дека во неа се чуваат повеќе диви животни, за кои сопственикот не поседува документи. По документирање на случајот од страна на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде изготвен записник, а СВР Тетово до надлежното Основно јавно обвинителство против сопственикот на објектот ќе поднесе соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците
-
600 семејства се на работ на сиромаштијата
-
Преглед на вестите од светот