Македонија
9. January 2023 - 11:48

Полицијата пронајде автоматска пушка, куршуми и фалсификувани пари при претрес на дом во тетовско

На 08.01.2023 од 08.00 до 10.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово извршиле претрес во домот на 47-годишниот И.А. во тетовска Шипковица.

При претресот, реализиран со судска наредба, биле пронајдени автоматска пушка, две рамки, 12 куршуми калибар 7,62 милиметри, 4020 евра и 300 франци, за кои постои сомнение дека биле фалсификувани. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.