Полицијата пронајде автоматска пушка и куршуми во автомобил во Мала Речица
Полицијата пронајде оружје во возило кај 33-годишен тетовчанец. Како што информира МВР, вчера околу 11:45 часот, по претходно добиени сознанија, на улица „172“ во село Мала Речица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „Фолксфаген лупо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.М. (33) од село Горно Седларце, Тетовско. При преглед на возилото, во торба на задното седиште, била пронајдена автоматска пушка и рамка со шест куршуми. Р.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а обезбедено било и возилото што го управувал. Подоцна, во станот во кој живеел под кирија во Тетово, биле пронајдени 26 куршуми со калибар од 7,62 милиметри. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Р.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа, ќе дејствуваме како една тупаница
-
Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта
-
ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија
-
Левит: САД имаат многу алатки за да помогнат во завршувањето на конфликтот во Украина
-
Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
-
ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило