Полицијата прекинала свадба во Врапчиште, домаќинот лишен од слобода
Гостиварската полиција попладнево прекинала свадбена свечност во селото Врапчиште која се организирала пред семејна куќа. Во полициска станица бил приведен сопственикот кој ќе се соочи со кривична пријава.
Од СВР Тетово информираа дека околу 15 часот и 40 минути, полициски службеници на СВРТетово-ОВР Гостивар го лишиле од слобода А. З. (56) од гостиварско Врапчиште.
– Пред неговата куќа била организирана свадбена свеченост, на која присуствувале триесетина лица кои ги забавувал музички оркестар. Сопственикот на куќата е задржан во Полициската станица Гостивар, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
На местото е извршен увид и по целосно расчистување и документирање на случајот против А. З. ќе биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело-непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Во последниот апел на СВР Тетово до угостителите во полошкиот регион беше посочено на доследно почитување на најновите владини мерки и воздржување од организација на свадбени и други свечености или прослави.
– Во спротивно најригорозно ќе бидат санкионирани сите прекршувања на мерките, особено во случаи кога ќе биде констатирано групно собирање во објекти за најразлични поводи. Непочитувањето на мерките oд угостители или поединци-организатори на семејни прослави ќе се третира кривично и нема да се толерираат никакви отстапувања од предвиденото, нагласува Јосифоски.
Апелот доаѓа во период од годината кога во родниот крај доаѓаат иселениците и традиционално се организраат веселби, свaдбени свечености и приредуваат други семејни собирања.
Изминатва недела во гостиварско од слобода беа лишени три лица, кои во нивните локали примале гости по работното време и правеле забави за гостите.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје