Македонија
12. February 2018 - 10:08

Полицијата откри 500 грама марихуана во куќа во Тетово

Тетовската полиција пронашла половина килограм марихуана, и вага со остатоци од марихуана, при претрес во куќата на А.Р. (30) во Тетово. Тој е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

- На 10 февруари, со наредба од Основен суд Тетово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во дом и помошни простории на А.Р. (30) на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово. При претресот, на повеќе места во куќата била пронајдена наркотична дрога марихуана со вкупна маса од околу 500 грама, како и една вага со остатоци од марихуана. Пронајдените предмети биле одземени со потврда за привремено одземени предмети, соопшти МВР.

А.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ , казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.