-->
-->
Полицијата не регистрирала инцидент во ИВЗ
-->
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по добиени две пријави и од едната и од другата страна, полициски службеници биле упатени во седиштето на Исламската верска заедница и на лице место не било констатирано нарушување на јавниот ред и мир.
- Министерството за внатрешни работи има обврска да го гарантира јавниот ред и мир, а внатрешните работи на Исламската верска заедница се работа на членовите на оваа верска заедница и најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во овие случувања, велат од МВР.
Иван Кузмановски
-->
-->
-->