Полицијата на Њујорк собира докази за апсење на Ваинстин

Истражувачите на њујоршката полиција собираат докази за апсење на холивудскиот продуцент Харви Ваинстин за наводите за силување во 2010 година.
Шефот на њујоршките детективи Роберт Бојс денеска изјави дека истражителите ја испитале Паз де ла Хуерта, која јавно го обвини Ваинстин дека двапати ја силувал во нејзиниот стан. Тој додаде дека детективите утврдиле дека наводите на актерката се уверливи и оти делови од нејзината изјава се поткрепени со докази.
- Ако Ваинстин сега е во Њујорк и ако обвинувањата за напад се од понов датум веднаш би го уапсиле, без сомнеж. Но, бидејќи Ваинстин е во друга американска држава и нападот, за што го товари актерката, се случил пред повеќе години, истражителите прво ќе мора да соберат докази, посочи Бојс.
На почетокот на минатиот месец „Њујорк тајмс“ и „Њујоркер“ објавија дека Ваинстин со децении сексуално вознемирувал и злоставувал жени. Повеќе од 36 жени јавно го обвинија продуцентот за сексуално насилство, но Ваинстин ги отфрли обвинувањата за силување.
Ново на Сител
-

Без струја делови од Центар и Карпош
-

САД и Венецуела се согласија да ги обноват дипломатските односи
-

Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
-

Европол: Зголемена закана од тероризам во Европската Унија поради конфликтот во Иран
-

Амбасадата на САД во Кувајт ја прекина работата
-

Пад на надворешнотрговската размена во јануари
-

Магла на неколку патни правци, во прекин товарниот сообраќај на ГП Деве Баир
-

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени
