Полицијата ќе вежба во специјално опремена „куќа за пукање“ донација од САД
Припадниците на полицијата од денеска ќе имаат можност да ги унапредуваат своите вештини во новиот објект за тактички вежви-куќа за пукање, во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров. Објектот е донација на Владата на САД во визнос од 900 илјади долари.
Објектот го отворија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли кој потенцираше дека овој објект за тактички вежби е наменет да им помогне на професионалците за спроведување на законот во Македонија за тие подобро да им служат на граѓаните.
Министерот Спасовски изрази благодарност за соработката и пријателството со претставниците на Меѓународната програма за обука и помош при вршење кривични истраги (ИЦИТАП) и Европската Команда (ЕУКОМ) и нагласи дека САД и Македонија имаат многу полиња на заеднички интерес и меѓусебна поддршка
- Едно од клучните полиња на поддршка се обуките и донирањето на опрема кои се насочени кон засилување на професионалните капацитети на полицијата. Нашите досегашните заеднички ангажмани претставуваат одличен пример за искрена соработка и пријателство, рече Спасовски.
Куќата за пукање е изградена од челична конструкција, има приземје и подрум, а обезбедена е и платформа за визуелно набљудување. Во куќата ќе има 50-тина камери кои ќе ги снимаат вежбите при што во посебен објект во непосредна близина ќе бидат разгледувани и оценувани.
Ново на Сител
-
За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар
-
Министерот Муцунски во работна посета на Австралија
-
Се уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8
-
Денес тргнува првиот воз од Скопје за Куманово
-
Песков: Изјавата на Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија се „празни зборови“
-
Зеленски: Повеќе од 45.000 украински војници загинаа во војната
-
Луј Витон во Шведска казнет со повеќе од 400.000 евра за перење пари
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто