Полицијата казни 141 возачи на територијата на градот Скопје во текот на вчерашниот ден
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 27 санкции за прекршоци што ги прават возачите за мотоцикл.
Изречени се четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, три санкции за користење на мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото