Полицијата и Обвинителството истражуваат што се правело на извидничкиот камп за сексуална едукација
Скандалозните сексуални активности во извидничкиот камп организиран од „Прв скопски извиднички одред“ пријавени во полиција, потврдуваат од МВР и велат дека заедно со Јавното обвинителство ги преземаат сите мерки.
- Дежурен јавен обвинител е известен за настанот за кој покажувате интерес и издаде насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба, велат од ОЈО Скопје.
Центарот за социјални работи, пак, знае за случајот, но чека официјална пријава да пристигне од МВР.
Средношколци симулирале секс пози, оставале отисоци од полови органи на хамер, се соблекувале и бакнувале на интимни делови, споделување интимни работи, а сето тоа било бодувано. Родител за „Слободен печат“ сведочеше низ што поминала ќерката на кампот „Секс скаутс и рок енд рол“ во кој учествувале 40-тина малолетници.
- Игра семафор – за секоја погрешна буква соблекуваш по едно парче облека за да не ти се брои погрешен одговор/негативен поен. Низ цела планина шетаа машки деца во долна облека. Четврта контролна точка – боење гол дел од телото оставање отпечаток на хамер. Секој учесник мора да остави различен дел од телото (не смее да се повторува). Така што сме исфорсирани да оставиме отпечаток од што поинтимен дел од телото, сведочи родилот за „Слободен печат“.
Сител се обиде да добие одговори од претставниците на „Прв скопски извички одред“, но ниту еден од нив не одговори на телефонските повици. На социјалната мрежа Фејсбук на Одредот поставени се само две објави со фотографии од шаторите и означување дека почнува 12-от камп „Секс, скаутс и рок енд рол“.
Кампот се организирал викендов во Извидничкиот дом Градовци, близу Зелениково.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар