Македонија
29. February 2020 - 19:26
Полицијата го штити рибниот фонд во охридското езеро
Откако Охридското езеро остана без концесионер полицијата се справува со рибокрадците. Со засилени контроли и акции распослани на повеќе места долж крајбрежјето тие ги лоцираат лицата кои го пустошат рибниот фонд. Рибокрадци од Охрид, Струга и од албанската страна секојдневно илегално фрлаат стотици мрежи во езерските води.
Од охридската полиција велат дека против сите оние кои ќе бидат затекнати ќе бидат поднесени соодветни пријави а риболовниот алат ќе им биде одземен.
Инаку во последните две акција од страна на езерската полиција биле одземени 15 рибарски мрежи и стотина парчиња охридска пастрмка кои се предадени во Хидробилошкиот завод. Од СВР Охрид најавуваат дека ќе продолжат со акциите за спречување на незаконитиот риболов.
-
Нина Аритновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->