-->
-->
Полицијата фатила ограбувач на казино во Неготино
-->

Полицијата фатила ограбувач на казино во Неготино. Разбојникот бил приведен, а парите вратени на сопствениците, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
- Денеска околу 10.30 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода П.Ц. (24) од Неготино, поради тоа што околу 08.00 часот со закана со остар предмет, од вработени во казино во Неготино одзел пари и побегнал, појасни Додевски.
При преглед кај него биле пронајдени парите и биле вратени во казиното. П.Ц. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра, покачувањето ќе им ги затвори бизнисите
-

Нова индустриска зона на влезот од Штип
-

Поради честите осцилации на Охридското Езеро рибите ни бегаат во Албанија, велат екологистите
-

Преглед на вестите од светот
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
