Македонија
12. March 2021 - 13:40

Полицијата бара човек снимен како прска врата од зграда со непозната материја и бега

Станари од зграда во Тетово во полиција пријавале невообичаена појава снимена на безбедносните камери, при што се гледа сомнителен потег на човек кој ја прска влезната врата од објектот и бега со трчање.  Зградата е спроти спортскиот центар во Тетово на улицата „Борис Кидрич“.  

– Ние сме зграда со 64 станови и околу 300 луѓе.  Според камерите ова се случило во 19.30 часот, човекот прска со непозната супстанца и бега, кој знае со што и којзнае какви мотиви има. Случајот е пријавен во полицијата. Направен е увид и дадени се снимките на полицијата за идентификување, вели Сашо Перовски, претседателот на куќниот совет.

Од СВР Тетово потврдија дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за идентификување на стпорителот. Снимката од безбедносните камери се споделува на социјалните мрежи.