Македонија
9. October 2016 - 14:57

Полицајци изеле ќотек додека вршеле увид за сообраќајка на Бит пазар

Во Скопје на бул. „Македонско Косовска Бригада“, вчера околу 16.30 часот полициски службеници од ПС Бит Пазар, при обезбедување на сообраќајна незгода биле нападнати од страна на две непознати  лица.

МВР денеска соопшти дека еден полициски службеник бил удрен со тупаница во пределот на стомакот и му ја искинале јакната за дожд, додека другиот полициски службеник бил удрен со тупаница во пределот на грбот.

По преземени мерки постојат основи на сомнение дека напаѓачите се Ш.Р. (30) и А.К. (19), двајцата од Скопје. Тие биле приведени во полициска станица.