Полицајци испрскани со солзавец
Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за определување мерка притвор против двајца осомничени од селото Велешта, за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик.
Како што информира ОЈО, двајцата осомничени 32-годишници, на 16 септември по полноќ, влегле во полициската станица во Струга додека друго лице поднесувало пријава против нив и со спреј-солзавец почнале да го прскаат пријавителот во присуство на неколкумина полициски службеници.
-Веднаш потоа осомничените ги нападнале и полицајците, започнале да ги влечат и да се обидуваат да им го одземат службеното оружје. Двајцата осомничени биле совладани, но продолжиле упорно да се обидуваат да се ослободат и да побегнат од станицата. Имајќи ја предвид дрскоста со која бил извршен нападот во полициска станица, околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО.
Ново на Сител
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“