Полицаецот раскажува: "Сум видел се но ова...на Никола му гореа нозете во колата"
Мене само Господ ми даде сила, а на младите момчиња им беше судено да живеат. Немам друго објаснување за она што се случи. Ова го раскажува полицаецот Жарко Стојковиќ кој завчера спаси две момчиња од страшна сообраќајна несреќа во Србија.
20-годишниот Никола Крстиќ и неговиот 16-годишен пријател од Ниш, завчера беа извлечени од автомобил кој гореше и само со помош на храбриот полицаец останаа живи.
- Во своите 52 години не сум видел нешто вакво, а верувајте во мојата кариера сешто сум се изнагледал. Возилото не се ни гледаше, излегуваше оган и чад. Знаев дека може во секој момент да експлодира, морав да помогнам, вели полицаецот за српскиот Курир.
Според него, Господ му дал сила, а на момчињата им било судено да живеат, инаку друго објаснување за тоа што го виделе и преживеале нема.
Сообраќајката се случила викендов во 1 часот и 45 минути кога возилото Шкода Фабиа во кое биле двете млади момчиња со голема брзина излетало од коловозот и удрило во бандера, се извртело, удрило во паркиран автомобил кој бил на синот на полицаецот, по што се запалило.
- Спиев кога го слушнав страшниот звук. Излегов веднаш од дома, а возилото веќе гореше. Децата беа во шок, не можеа да излезат од пламените јазици. Ужасно беше, на едното од нив му гореа нозете во автомобилот. Не размилсував ни дека можам да настрадам, едноставно притрчав да помогнам и дадов се од себе. Дури сега кога шокот помина сфаќам дека сме среќни што преживеавме сите, бидејќи автомобилот гореше, а можеше и да експлодира во секој момент.
Во спасувачкиот момент се приклучил и синот на полицаецот кој притрчал да помогне и на момчињата и на татка си.
За среќа, момчето чии нозе гореле сега е пуштено на домашко лекување. Има модринки и расекотини, но е во стабилна состојба.
Малотлникот е згрижен на Детска хирургија, но и тој не е во животна опасност.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата