Полицаецот кој „падна“ за 20 евра мито доби 8 дена притвор

Надлежен судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во времетраење од 8 дена за приведениот А.Б.(50), полициски службеник вработен во Регионалниот центар за гранични работи Запад, кој го признал делото по добиената кривична пријава поради сомнение за злоупотреба на службената должност, соопштува МВР.
„Како што информиравме вчера, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на 22.09.2019 околу 13 часот го лиши од слобода А.Б, бидејќи на 21.09.2019 околу 16.20 часот, на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, А.Б. надвор од работното време, облечен во полициска униформа, запрел патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н.(61) и за наводен сообраќаен прекршок му земал поткуп од 20 евра“ соопштуваат од МВР.
Ново на Сител
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
