-->
-->
Полицаец удира шамар на момче на Партизанска
-->
До редакцијата на Телма ТВ стигнало видео во кое се гледа како полициски службеник му удира шлаканица на младо момче среде Скопје, она што исто така паѓа во очи е фактот што на снимката се гледа дека полицајците не носат заштитна опрема, која е задолжителна поради епидемијата со вирусот ковид-19.
Според загрижени граѓани кои биле сведоци на настанот, инцидентот се случил вчера попладне на Партизанска во Карпош 4.
Најверојатно полицијата го сопрела момчето за тоа што со своето возило поминал на црвено, но по тоа еден од полицајците му удира шамар, а друг го трга на страна и вербално го напаѓа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
