Полицаец уби колега во полициска станица во Тирана | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
Полицаецот Лудијам Заими со службен пиштол застрела свој колега во полициската станица број 3 во главниот град на Албанија, Тирана .
Албанската телевизија „Еуроњуз“ објави надзорна снимка на која се снимени моменти пред трагедијата, но и самиот чин на убиство што се случи во понеделникот нешто по 21 часот.
На видеото се гледаат неколку полицајци, меѓу кои и неколку жени, како седат на маси во полициската станица.
Во еден момент од просторијата излегува полицаецот Чауш Салиани, кој седи до вратата од канцеларијата, но зад него излегува и Заими, кој набрзо вади пиштол и од непосредна близина испука најмалку шест истрели во главата и телото на колегата.
Заими по убиствотто се обидел да побегне, но бил фатен пред полициската станица.
Засега не е познат мотивот за убиството, но се сомнева дека и претходно имало банален конфликт меѓу двајцата колеги.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени