-->
-->
Полицаец ја истепал жената со која живеел невенчано
-->
Н.Б. (33) од Гевгелија, вработен во Министерството за внатрешни работи, вчера во општина Аеродром, ја истепал жената со која живеел во вонбрачна заедница во Скопје.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во 21.10 часот на паркинг на бул. „Јане Сандански“.
- Н.Б. од Гевгелија, вработен во МВР, во време кога не бил на работа, физички ја нападнал В.М. (23) од Скопје, со која живеел во вонбрачна заедница, нанесувајќи и повреди во пределот на главата, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола при МВР, на Н.Б. му било одземено службеното оружје и поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови