Полицаец дозволил влез на лице кое немало ПЦР тест на ГП Табановце
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава до Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања против А.Б. вработен како полицаец во полициска станица за гранични работи „Табановце“, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 1 од Кривичне законик.
Имено на 21.11.2021 во 10,50 часот на граничен премин „ Табановце“ пријавениот при вршење на пасошка контрола одобрил влез на лице кое не поседувало валиден ПЦР тест или сертификат за вакцинација, при што истиот постапил спротивно на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид 19 предизвикана од вирусот SARS-COV-2. Против полицискиот службеник изречена е и мерка отстранување од работното место до завршувње на дисциплинската постапка, информираат од МВР.
Ново на Сител
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари