-->
-->
Полагањето на државната матура останува по старo
-->
Математиката нема да биде задолжителен предмет при полагањето на државната матура. И за годинашните матуранти ќе важи стариот концепт. Ќе полагаат 2 екстерни и 2 интерни предмети.
Задолжителен ќе биде само мајчиниот јазик. Нема да се примени ниту електронското полагање.
-Измените на државната матура се одложени за септември 2016 година и во овој период ќе направиме се што е во наша моќ да бидат вклучени сите засегнати страни за да се дојде до најдобрите можни решенија.Одлагањето на државната матура е затоа што од декември се пријавува матурата и имавме прекраток период за промените што сакавме да ги постигнеме, затоа што ни треба во меѓупериодот и дијалог, така што има доволен простор да се вклучат сите заинтересирани страни и да се разговара со сите, да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации за на крај да се донесе најсоодветното решение, истакна премиерот Никола Груевски пред почетокот на учебната 2015/2016 година.
Инаку оваа година државна матура ќе полага деветтата генерација матуранти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Вашингтон последни подготовки за инаугурацијата на Доналд Трамп
-
Израел објави список со 95 палестински затвореници кои треба да бидат ослободени во недела
-
Утринска магла, а потоа сончево и студено
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок