Полагањето државна матура во Берово и Делчево без проблеми

Во гимназиите во Берово и Делчево денеска македонски јазик полагаат 179 ученици. Во делчевското средно училиште „Методија Митевски - Брицо“ државна матура по предметот македонски јазик полагаат 89 ученици.
Директорката на делчевската гимназија Билјана Петровска истакна дека полагањето на испитот се одвива без проблеми.
- Учениците се распоредени во шест простории. Полагањето почна на време, во 10 часот и ќе трае до 14 часот и се се одвива во најдобар ред. Кај нас сите ученици кои се пријавени за полагање државна матура се присутни, отсутни нема, рече Петровска.
Директорот на беровската гимназија „Ацо Русковски“ Гоце Џалевски истакна дека денеска во Берово државна матура по предметот македонски јазик полагаат 90 ученици.
- Полагањето се одвива без проблеми. Се полага во седум простории, имаме ангажирано седум тестатори и два резервни. За училишна матура имаме пријавено 16 ученици, додека за завршен испит од стручното образование се пријавени 23 кандидати, рече Џалевски.
Според правилата дадени од Бирото за развој на образованието и МОН, државната матура се полага во неколку дела. По денешниот испит по македонски јазик , на 9 јуни се полага математика, на 13 јуни се полагаат странски јазици, а на 15 јуни се полагат другите предмети.
Ново на Сител
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
