Показни вежби за прва помош во Крива Паланка

Возачите на магистралниот пат А2, на делницата Куманово - Крива Паланка-Деве Баир имаа можност да проследат демонстративни, показни вежби за прва помош кои по повод Светскиот ден на прва помош 9 Септември, ги организираше Општинска организација на Црвен крст, Крива Паланка.
Вежбите ги изведуваа два тима од по петмина волонтери, со пет службеници од МВР во соработка со сообраќајната полиција од Полициска станица од општа надлежност, Крива Паланка.
Секретарот на ОО Црвен крст, Крива Паланка Дарко Пешовски, информира дека тимовите ги запирале возилата, делеле флаери со кратки совети и препораки за важноста на поседување вештини за укажување прва помош.
- Активноста беше на две точки на магистралата, една во Ранковце и една во Крива Паланка. Беа изведувани показни прва помош вежби за учесниците во сообраќајот, изјави Пешовски.
Тема на годинашното одбележување на Светскиот ден на прва помош е несреќи во домот.
- Целта на активностите е да се подигне јавната свест за ризиците кои постојат во домот и за тоа како да ги превенираме повредите, да се охрабрат луѓето од сите возрасти за учење прва помош со цел препознавање на итни ситуации, како и да се потенцира улогата на секоја личност во самозаштита и заштита на други лица при незгоди во која било околност, додава Пешовски.
Според статистиките, во Европа годишно од несреќи во домот страдаат над 300 милиони лица, а околу 70.000 случаи од нив се фатални.
Ново на Сител
-

Францускиот премиер ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и министри за внатрешни работи
-

Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
-

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски
-

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер
-

Минусни утрински температури - најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
-

И во 2026 година, евтина дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот
-

Градоначалник на Њујорк Мамдани денеска ја презема функцијата
