-->
-->
Покажала што се случува во Иран: Оваа храбра девојка стана симбол на отпорот
-->
Меѓу алармантните вести од Иран, каде што се протестираше минатата недела, се појавуви снимка на која што најдобро го опишува она што се случува во една од најголемите земји на Блискиот Исток.
Може да се види како една жена која го извадила хиџабот во Техеран се качила на платформата и мавтала со неа, во оваа земја, носењето на хиџаб е задолжително.
Не било секогаш така - Иранките слободни облечени шетале во времето на авторитарноста, по секуларниот шах на Реза Пахлави, и по Исалмскиот режим со елементи на демократија, законите биле наметнувани од многу прописи од Исламските шеријатски права. Како што е добро познато, Исламската република Иран има верска или „морална полиција“ која патролира на улиците и предупредувајќи на казни или апсење на жени кои според нивната проценка не се доволно покриени.
Непозната девојка која го извадила хиџабот сигурно знаела какви последици ќе има по овој израз на отфрлање на Исламската патријаршија. Арман хаваби, ирански репортер кој прв ја објавил снимката , пдооцна на Твитер напиша дека жената е уапсена и притворена.
Местото каде што стоеше во техеран сега е прекирено со цвеќе, додал тој,
Како што за CNN објаснува Алиерза Надер од корпорацијата РАНД во Вашингтон, правата на жените се многу важен аспект на протестот:
"Жените во Иран се високо образовани, тие се вклучени на пазарот на трудот, веројатно повеќе од било која друга земја на Блискиот Исток, но постојано се угнетени. Ова е дел од нивната борба за нивните слободи и права ".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени