Погребот на филипинско момче се претвори во протест против претседателот Дутерте

Илјадници Филипинци протестираа со барање да престанат егзекуциите без судење на погребот на Кијан Делос Сантос, кој беше застрелан од полицаец. Погребот се претвори во најголем протест против бруталната војна против дрогата, предводена од филипинскиот претседател Родриго Дутерте.
17-годишниот Сантос беше убиен минатата недела, што доведе до протести против контроверзната кампања Дутерте за елиминирање на трговијата со дрога.
Според демонстрантите, смртта на младиот човек повторно го потврдува константното кршење на човековите права извршени од страна на полицијата.
Полицијата објави дека тие ликвидирале 3.500 луѓе по преземањето на функцијата во Дутере пред 15 месеци. Илјадници други загинаа во злосторства поврзани со дрога, како и под необјаснети околности.
Анкетите за јавното мислење покажуваат дека мнозинството Филипинци, очајни поради големиот криминал и бавниот судски систем, ја поддржуваат војната против дрогата. Убиството на Сантос, син на трговец и мајка-имигрант која работела како слугинка, се појави на насловната страница на сите весници и предизвика огорченост на населението.
Полицијата соопшти дека тој бил шверцер на дрога и при апсењето пукал кон полицијата. Снимките на безбедносната камера, сепак, покажуваат дека двајца полицајци влечат невооружено момче, пред тој да биде убиен.
Ново на Сител
-

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи
-

Родители на убиениот медицински техничар во Минеаполис тврдат дека администрацијата на Трамп „одвратно лаже“
-

Анкета: Повеќе од 60 отсто од Германците го доживуваат Трамп како закана за Германија
-

Орбан му порача на Зеленски: Унгарија нема да дозволи да биде заплашена
-

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар
-

Тошковски: „Безбеден град“ го развиваме со единствена цел - зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на незгодите
-

Од денеска се ограничува слободата на движење на руските дипломати во Европската Унија
-

Ноем: Човекот кој беше застрелан во Минесота бил вклучен во насилни немири
