Погребот на докторката од Нефрологија ќе се одржи денеска - станарите со потресни сведоштва
Мистеријата за смртта на познатата докторка Јелка Масин-Спасовска која во вторникот вечерта беше пронајдена мртва во сопствениот дом во скопски Kапиштец, ќе продолжи и наредните денови. Обдукцијата и анализите што треба да се извршат врз нејзиното тело се уште не се комплетирани, пишува ДНЕВНИК.
– Не можеме да излеземе со конечниот наод дали станува збор за убиство или самоубиство с` додека не бидеме 100 отсто сигурни во тоа. Чекаме уште некои лабораториски резултати по што ќе имаме комплетна слика за случајот. Верувам дека тоа ќе се случи до средината на идната недела – изјави д-р Здравко Чакар од Институтот за судска медицина за „Дневник“.
Штом вештиот наод биде изготвен, веднаш ќе биде проследен до Основното јавно обвинителство. Од таму велат дека дотогаш не може да се знае на кој начин завршил животот на докторката во Kлиниката за нефрологија во Kлиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и вонреден професор на Медицинскиот факултет.
Во меѓувреме нејзините блиски се подготвуваат за нејзиното последно испраќање. Погребот ќе се изврши денеска на гробиштата во Бутел.
– Ќе ја погребаме, а не знаеме како почина, велат блиски на семејството Спасовски.
Мртвото тело на Јелка Масин-Спасовска го пронашол нејзиниот сопруг, Гоце Спасовски, кој исто така е доктор на Kлиниката за нефрологија. Во вторникот вечерта, околу 21 часот, кога се вратил дома, ја забележал сопругата како лежи облеана во крв во тоалетот, со расеченици по телото и убодна рана во вратот. Kрај телото имало нож, а таа имала расеченици на вените на левата и десната така, како и на левата вратна вена.
– Тој како доктор се обидел да и укаже прва помош, но сфатил дека не дава знаци на живот. Повикал итна помош, која стигна набргу – велат станарите на зградата во која живеат Спасовски. Тие раскажуваат за драматични случувања во ходникот и пред зградата.
– Не можевме да претпоставиме за што станува збор бидејќи претходно ништо не слушнавме. Видовме дека итната помош брза кон зградата, лекарите влегоа во влезот, а потоа на носила ја изнесоа докторката. Имаше крв насекаде. Во тие моменти пристигна и ќерка ~. Можете да замислите каков шок преживеа девојката, едвај ја смиривме – коментираа соседите.
Соседите не можат да ја прежалат омилената докторка.
Обвинителството се надева дека постојат снимки од видеонадзорот на околните објекти, кои би биле од помош на истрагата. Во зградата број 10 нема видеокамери. Испитани се неколку лица, но осомничени нема.
Ново на Сител
-

Властите во Каракас не знаат каде се Мадуро и неговата сопруга, бараат „итен доказ дека се живи“
-

Следува потопло време, локални врнежи од дожд - пообилни кон средината на идната седмица
-

Уапсено лице од Дебрца, возел со 2,21 промили алкохол во крвта
-

Николоски: Брза пруга на Коридор 10, доизградба на Коридор 8, продолжуваме со крупни проекти во железницата
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
