Балкан
8. September 2016 - 21:08

Погребани родителите на 4-годишното девојче, тоа само прашува: Кај се мама и тато?

Ѓорѓија Петровиќ (31) и неговата сопруга Нина (36) кои загинаа во неделата во страотна сообраќајна несреќа на магистралниот пат Зворник - Милиќи, во местото Викшиќ Поље се погребани вчера во родното Чајниче, БиХ.

Петровиќи настрадаа, додека нивната четиригодишна ќеркичка е тешко повредена додека се враќале од свадба на Пале. Повреденото девојче се наоѓа во болницата во Тузла каде е оперирана. За среќа не е животно загрозена.

Кон вечното почивалиште Нина и нејзиниот сопруг Ѓорѓија ги испратија семејството, роднините и бројните пријатели. Најтешко им беше на нивните најмили, кои и вчера немаа одговор на прашањето зошто ова ним им се случи.

-Беа умерени, добри, не знам брачна двојка која се сакаше како нив. Никому лош збор не кажаа...Наместо да уживаат во растењето на нивната ќерка, нив ги прекрива црна земја, велат роднините на настраданиот брачен пар.

Драган Лаловиќ, роднина на Нина Петровиќ вели дека сега е најважно девојчето да се опорави.

-Добро ги поднесе сите лекарски интервенции и почна полека да пие сокчиња. Наскоро треба од интензивна нега да ја префрлат на одделение. Малечка е и не знае што се случило, но срцето ни се кине зошто постојано ги бара мама и тато, вели тој.

Драган додава дека грижата за неа ќе ја преземат роднините на настраданата брачна двојка.

Настраданиот Ѓорѓија е роднина на популарниот пејач од Бања Лука, Лукијан Ивановиќ кој се прослави по учеството во популарното музичко шоу „Икс фактор“.