Поголем пожар во запалени контејнери во центарот на Тетово
Жителите во центарот на Тетово вчера околу 23 часот беа доведени во опасност поради пожар во четири контејнери за отпадоци кои се поставени до една од зградите во комплексот Ловец. Станарите сведочат дека се појавила голема огнена стихија, по кое следело гаснење на пожарот.
Градоначалникот Биљал Касами се обрати преку социјалните мрежи нарекувајќи го страшен чинот на палење ѓубре.
-Јавниот простор е на сите и сите треба да се грижиме за својот дом. Овие сцени не му служат на нашиот град, ова не е наше граѓанство. Бараме полицијата да го истражи случајот, а одговорните да ја добијат заслужената казна, истакна Касами.
По гаснењето на пожарот од страна на пожарникарите, вработените во ЈКП Тетово-одделение за комунална хигиена веднаш ги остранија остатоците од запалениот смет и контејнери и ги заменија со нови садови за оставање на отпад.
Ново на Сител
-
На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети
-
Поевтинуваат горивата
-
65-годишник украл скутер во Тетово
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-
Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
-
9 лица, меѓу кои и малолетник, приведени во Куманово, нелегално продавале тутун на Градскиот пазар
-
Маж се фрли од зграда во Аеродром | ФОТО