Поголем извоз на металната индустрија со поддршка од Инвест Маседониа
Повеќе македонски компании го претставија своето прозиводно портфолио и деловни плоанови пред економските промотери кои покриваат над 20 национални пазари дисперзирани во различни географски подрачја. Во рамки на четвртиот циклус директни средби што ги организира Инвест Маседониа се претставија ТЕ-ТЕ Пласт, ФЗЦ 11 Октомври, ТЕП Раде Кончар, Завар, Братство и Свемек.
Во рамките на овој циклус средби се таргетираа извозни компании од металната индустрија, а целта на тимот од Инвест Маседониа е запознавање со производите и капацитетите на домашните извозници и обезбедување професионална помош во изнаоѓање странски купувачи и пристап до пазари во земјите кои што ги покриваат економските промотери.
Владимир Тевдов од ТЕ-ТЕ Пласт ја оцени средбата како позитивна и корисна на која заемно се разменети информации и дефинирани се заеднички полиња на дејствување.
- Остануваме фокусирани на континуирана реализација на овој проект и ќе продолжиме да бидеме цврста поддршка на домашните извозници во борбата за позначителен надворешен пласман и квалитативна препознатливост на македонските производи. Зголемувањето на извозот на домашни производи на глобалниот пазар останува во врвот на владината економска политика, изјави Климент Шекеровски, заменик директор на Инвест Маседониа.
Според Шекеровски, Инвест Маседониа како високо професионален сервис за компаниите останува отворена за сите деловни субјекти кои би сакале да земат свое учество во овој проект, имајќи ја предвид важноста од потребата за сеопфатна поддршка и континуирана промоција на домашните производи на надворешни пазари во насока на нивен позначителен и олеснет пласман на нови пазари.
Ново на Сител
-
Македонија нема да испраќа војници во Украина, Генералштабот се уште не добил покана за состанокот на Макрон во Париз
-
Муцунски: Македонија е сојузник и партнер на процесите кои носат стабилност и безбедност во регионот
-
Светот станува поопасен, затоа Македонија и Хрватска треба да се држат заедно
-
Жители на Сингелиќ и Арачиново на протест пред ЕВН
-
Исплатени 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит за 47 компании
-
Опозицијата најавува закон за минимална плата
-
СДСМ обвинува за матни тендери во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ
-
Смртен случај на Пулмологија кој имал и грип – февруари со најмногу заболени во изминатите 15 години