Македонија
26. August 2015 - 8:17

Погледнете какво време не очекува денес

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од   10 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до 14 и дневна до 34 степени.

И во туристичките региони времето ќе биде сончево со слаб ветер од источен правец. Во охридско-преспанскиот регион со температура до 28 степени, а во дојранскиот сончево со слаб југоисточен ветер и температура до 34 степени.

И понатаму следува период на стабилно, суво и топло време со постепен пораст на температурата. Во деновите од викендот температурите во југоисточниот дел од земјата ќе достигнат до 37 степени.