-->
-->
Погледнете го овој бран од илјадници мигранти кој се движи кон Македонија
-->
„Бура од мигранти“ се насловите на светските медиуми кои го најавуваат доаѓањето на бранот бегалци кој се движи кон македонската граница од Грција. Голем дел од нив синоќа пристигнаа во Атина кои веќе се упатија кон Македонија и се очекува да пристигнат во текот на утрешниот ден, а потоа да продолжат кон земјите од Европската унија.
Бегалците ја преплавија Европа, железничките и автобуските станици, а ЕУ се уште нема решение како да се справи со овој проблем. Дали да се затворат границите е прашањето на раздор помеѓу европските лидери кои сакаат да се заштитат од големиот наплив. Само во последниот месец во Германија пристигнале 104 460 мигранти кои побарале азил во земјата. Германија потврди дека во годинава тој број ќе достигне до 800.000 кои побарале азил.
Унгарија, на која и изградениот ѕид на границата не и помогна да се преполни плоштадот во Будимпешта со мигранти, најави нов пакет со повеќе мерки за 15 септември и побара од земјите членки на ЕУ да не ја критикуваат поради тоа што сака да се заштити. Унгарија најави дека тоа ќе биде државата од каде ќе се контролира влезот и бројот на мигранти во Европската унија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Садула Изаири од тетовскиот суд освои најмногу гласови за член на Судски совет
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Финансиска полиција со кривична против претседателот на Регулаторна, Бислимовски тврди дека постапките биле законски
-

ИЈЗ: Се намалува бројот на болни од грип, но ширењето на вирусот се уште е со среден интензитет
-

Камионџиите ја прекинуваат блокадата на границите, иако ЕУ не понуди брзо решение
-

Кривична за Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-

Европската унија допрва ќе го решава проблемот на камионџиите
-

СДСМ со закон ќе бара 600 евра минимална плата
