Земјотресот предизвика повреди и материјална штета во во некои градови од земјата, а најлошо поминаа Драч и Тирана.
Во потресот исто така се оштетени повече од 290 куќи, а на 20 станбени згради се појавија пукнатини.
На седница на влада одлучено е полицијата да биде во приправна состојба за да се контролира состојбата после земјотресот.
После првиот земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер уште еден силен земјотрес го погоди подрачјето на Албанија околу полноќ и тоа со јачина од 5 степени и со епицентар близу Драч, а потоа се почувствуа серија на послаби потреси.
Според забележените податоци, ова е најсилен земјотрес забележан во последните 20-30 години. Потресите се почувствуваа и во Ѓирокастро, Подградец, Фиер, Дибер и Скадар.
Земјотресот се почувствува и во Црна Гора.