Поглавaрот на МПЦ-ОА г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј ќе отслужат света архиерејска литургија во манастирот Св. Јоаким Осоговски
Поглавaрот на Македонската православна црква (МПЦ)-Охридска архиепископија (ОА) г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј, според најавите, денеска треба да отслужат света архиерејска литургија во манастирот Св.Јоаким Осоговски кај Крива Паланка.
- Значајно е да се забележи дека оваа година, прв пат после конечното добивање на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква, со што целосно се заокружи сеправославното признавање на МПЦ, ќе имаме гости од повеќе помесни православни цркви. Така, оваа година, на 29 август светата литургија ќе започне во 9 часот на која на покана на нашиот владика г.Григориј, ќе служат неговата светост, српскиот патријарх г.г. Порфириј и неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, се наведува во соопштението од Кумановско-осоговската епархија.
Ново на Сител
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат