Погба по ремито со Барнли: Мора да учиме од нашите грешки
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, не го криеше разочарувањето од ремито со Барнли (2: 2) во меч од 24-тата рунда од Премиер лигата. Французинот истакна дека „црвените ѓаволи“ треба да учат од грешките што ги направија на вчерашниот меч.
– Да, разочаран сум, но ние реагиравме добро после вториот гол. Натпреварот ќе беше различен ако порано дадевме гол, но мораме да учиме од нашите грешки и следниот пат, ќе ги одиграме натпреварите на поинаков начин, започна Погба.
Тој додаде дека не знае зошто го одиграле мечот на таков начин.
– Ги победивме Тотенхем, Арсенал и, очигледно, не можеме добро да играме на секој меч, мора да се бориме за тоа. Мораме да ги започнеме натпреварите силно од првата минута. Мораме да поведуваме со 1:0 или 2:0 од самиот почеток. Ние мора да бидеме попозитивни, но овој резултат е разочарувачки за нас, додаде халфот на Јунајтед.
По вчерашното реми, тимот на Оле Гунар Солскјер е на шестото место со 45 бода, на два од четврто пласираниот Челзи, кој има и меч помалку.
Ново на Сител
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство
-
Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија
-
Преглед на вестите од светот