Поетска книга од Кочо Топузоски на три јазици

„Нафора мугреница“ е насловена новата поетска книга на Кочо Топузоски, објавена на македонски, албански и на влашки јазик. Стихозбирката е објавена во едицијата „Паралели“ на Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје, со поговор на Веле Смилевски. Автор на препевите од македонски на албански јазик е Ресул Шабани, а препевите на влашки јазик ги направи Афродита Тоцили.
- Оваа поезија го свртува вниманието со успешно остварениот спој меѓу елементарното доживување и емотивно обоените коментари. Во поезијата на Кочо Топузоски овие елементи се испреплетени и хармонизирани со потези на творец со препознатлив поетски свет и на мотивско-тематски и на стилско-изразен план, пишува меѓу другото во поговорот на Смилевски.
Кочо Топузоски е автор на поетските книги „Ноќни делби“, „Болна прелест“, „Препознавања“ и „Посланија и риданија“. Застапуван е во повеќе избори, панорами и антологии, меѓу кои и во едицијата „130 тома македонска книжевност“. Негови стихови се преведени на француски, англиски, руски, српски, бугарски, албански и влашки јазик.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
