Поети од ДПМ ќе читаат поезија во чест на Анте Поповски
Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе го чествува ликот и делото на Анте Поповски (1931-2003), поет, есеист и академик, еден од претседателите на македонската писателска асоцијација. Настанот ќе се одржи во 13 часот во Спомен-собата на Анте Поповски во Ѓорче Петров,
ДПМ најави настап на поетите: Милован Стефановски, Иван Чаповски, Кристина Николовска, Кочо Топузоски, Атанас Чупоски, Раде Силјан, Филип Клетников, Христо Петрески, Веле Смилевски, Олга Панкина, Васил Дрвошанов, Љерка Тот Наумова, Стојан Тарапуза, Паскал Гилевски, Ленче Милошевска, Миле Јовановски Поречанец, Васил Мукаетов, Горан Анчевски, Перо Миленковски и Мирче Нешовски.
Поетите на ДПМ за библиотеката при Спомен-собата на Анте Поповски ќе подарат свои книги.
Анте Поповски е автор на богат поетски опус во кој, меѓу другите, се стихозбирките: „Одблесоци“, „Вардар“, „Непокор“, „Камена“, „Тајнопис“, „Сина песна“, „Света песна“ и „Две тишини“.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи