Поднесено обвинение за употреба на фалсификувана лична карта

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице, државјанка на Република Србија, која се товари дека извршила кривично дело – фалсификување исправа.
- Обвинетата на 5 октомври со умисла употребила лажна јавна исправа како вистинска. Имено, таа со фалсификувана македонска лична карта на друго име се легитимирала пред вработен во пријавницата на КПУ „Идризово“ – Скопје, со намера да влезе во затворот и да го посети нејзиниот вонбрачен сопруг, информираaт од Јавното обвинителство.
Бидејќи постои реална опасност од криење и бегство на обвинетата која е странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
