Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело Обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопштија дека обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.
- Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување, се појаснува во соопштението.
Јавниот обвинител до Судот доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце се чека до половина час
-
Без струја дел од општините Сарај и Илинден
-
Во Владата состанок на Советот на странски инвеститори
-
ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје - Блаце
-
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
-
МЗ: Ситуацијата по пожарот во дворот на Психијатриската болница е целосно под контрола, нема повредени
-
Трамп ги исмеа плановите на Маск за нова партија, опишувајќи ги како „апсурдни и збунувачки“
-
Нетанјаху отпатува во САД заради договор за прекин на огнот во Газа