Македонија
7. February 2020 - 12:59

Поднесено ново барање за укинување на притворот на Боки 13

Болест на судијката Васка Николовска - Масевска го одложи денешното рочиште за случајот "Рекет".

Таа изутрината го известила судот дека не е во можност да го води денешното рочиште, по што се отповикани и наредбите за спроведување на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Адвокатот на Јовановски изјави дека во текот на вчерашниот ден го поднеле барањето со кое се бара укинување на притворот за неговиот клиент, врз основа на последната дијагноза. Дуковски очекува во текот на следната недела да се решава по ова барање и Јовановски да добие соодветен третман.

Судењето за "Рекет" продолжува в понеделник.

 

Горан Симоновски 

Ново на Сител