Поднесени предлог-измени на Изборниот законик - една изборна единица на парламентарни и отворени листи на локални избори
Иницијативата за една изборна единица денеска поднесе два предлога за измени и дополнувања на Изборниот законик, соопшти денеска на прес-конференција во Собранието пратеничката Лилјана Поповска.
– Во првиот предлог побаравме да се направи промена од шест изборни единици на една изборна единица, а во вториот внаесовме отворени листи на локалните избори, еднаков број жени и мажи и на локалните и на парламентарните избори и механизам за избор на паритетна застастапеност на советниците на листите, изјави Поповска.
Таа посочи дека Иницијативата за една изборна единица сметала дека со овие измени земјата ќе обезбеди еден подемократски модел, што од една страна претставува можност за сите политички субјекти да учествуваат на изборите и да бидат избрани и гласовите на граѓаните да не пропаднат, туку да се преточат во пратеници во Парламентот, а од друга страна, можност за граѓаните директно да се изјаснат и на кому му даваат приоритет на локалните избори.
На прашањето околу тоа дали имаат доволна поддршка за да се изгласаат предлозите во Собрание, Поповска нагласи имаат поддршка од над 61 пратеник, од владејачката СДСМ, како и од други партии.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората