Поднесени 17 листи на пратеници за парламентарните избори до ДИК
До Државната изборна Комисија, заклучно со 2 април 2024, до 24 часот, се пристигнати вкупно 17 листи на кандидати за пратеници Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија кои ќе се одржат на 8 мај 2024.
Како што соопштија од ДИК, листи на кандидати за пратеници за парламентарните избори во мај доставиле:
1.СДСМ( Kоалиција за европска иднина) – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
2.ВМРО- ДПМНЕ ( Коалиција Твоја Македонија) - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
3. ЗНАМ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
4.РОДИНА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
5.АВАЈА - за ИЕ 3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
6.РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
7.ТВОЈА ПАРТИЈА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4
8.ГРОМ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
9.МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА СУВЕРЕНОСТ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
10. ДУИ ( Коалиција за европски фронт) за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
11.ДЕМОКРАТИ - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
12.ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
13.Група избирачи ЏУЛА ЧЕЛИКУ- за ИЕ 6
14.Коалиција ВЛЕН - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
15. ЛЕВИЦА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
16. ДЕСНА - за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6
17.НОВА АЛТЕРНАТИВА - за ИЕ 1,ИЕ 2, ИЕ3, ИЕ4.
- ДИК по приемот на листата на кандидати утврдува дали истата е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот закон. Државната изборна комисија проверува дали кандидатите за пратеници ги исполнуваат условите предвидени во Уставот и член 7 ст. 2, 3 и 4 од Изборниот закон, преку проверка на податоците во соодветните регистри и евиденции на надлежните институции, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија