Македонија
14. August 2019 - 18:37

Поднесена пријава против едно лице за предизвикување пожар во Зајас

На 14.08.2019 во 10:50 ч. во Полициското одделение Зајас пријавено е дека во с.Зајас, во месноста Думовско маало настанал пожар, при што зафатена е сува трева и бандера, сопственост на ЕВН. Пожарот е изгаснат од противпожарна единица од Кичево. По преземени соодветни мерки и активности, во ПО Зајас обезбеден е Р.З(67) од с.Зајас, осомничен дека го предизвикал пожарот, и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.