Македонија
30. December 2015 - 13:11

Поднесена кривична пријава против поранешен инкасант од Гостивар

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Ш.(37) од Гостивар,  во ЈП „Комуналец“-Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „одземање или уништување на службен печат или спис“. Пријавениот од септември 2012 до август 2014 година додека бил вработен во ЈП Комуналец при наплата на сметки за комунални услуги и вода од граѓани од Гостивар присвојувал парични средства и не вршел раздолжување во благајната на јавното претпријатие, односно сметките подоцна ги уништувал. На ваков начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 357.826 денари на штета на јавното претпријатие. 

Ново на Сител