Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на вчерашната ноќ почна активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на улицата „Топаанска“ во скопската општина Чаир. Досега се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри претежно мешан комунален отпад, а екипите на претпријатието и денеска ќе ги продолжат активностите на оваа локација.
Во општината Чаир се подигнати и 10 кубни метри непрописно одложен кабаст отпад на улицата „Џон Кенеди“.
- ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на вчерашниот ден интервенираше и во општината Кисела Вода, каде се отстранети 15 кубни метри кабаст и отпад од картонска амбалажа одложени на јавни површини на улиците „Фредерик Шопен“, „Димо Хаџи Димов“ и „Томе Арсовски“, се вели во соопштението од ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје.
Ново на Сител
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски